Додека Европа е зафатена со жежок бран, Ева Милевска од Битола деновиве стартува со подготовки на снег за престојната скијачка сезона.
-Четвртата година настапувам во ФИС конкуренција, а самата конкуртенција носи нови и големи предизвици. Во сезоната 2026/2027 ме очекуваат настапи на Европа куп натпревари во брзите дисциплини, исполнување на нормата за Светското првенство во Кранс Монтана, учество на Светското јуниорско првенство, Универзијадата во Кина, како и редовни ФИС натпревари според календарот, вели Милевска, на стартот на подготовките.
-За успешна реализација на предвидените активности и исполнување на поставените цели, потребни се многу работа, посветеност, добра организација и силна поддршка, вели Милевска, која додава дека со заеднички напори, дисциплина и континуирана работа ќе успее успешно да одговори на сите предизвици што ги носи новата сезона.











