На барање на ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на прегледноста на патниот правец низ Националниот парк Пелистер кон Хотел Молика, ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонија Пат, во текот на денешниот ден изврши косење на тревната вегетација и расчистување на делови од патот.
-Со оваа активност значително се подобрува видливоста за учесниците во сообраќајот, како и целокупниот изглед на патниот правец кој води до Хотел Молика. Во оваа прилика, упатуваме искрена благодарност до ЈП “Македонија Пат“ за нивната поддршка, професионален ангажман и посветеност во насока на обезбедување поголема безбедност за посетителите и создавање на подобри услови за сите гости на Националниот парк Пелистер и хотел “Молика“, соопштија од хотел “Молика“.

Расчистен патот до хотел “Молика“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Санирано оштетувањето на Алиментациониот канал на ХС „Стрежево“
- Червар и Митревски задоволни после победата: Кога екипата се бори до крај – тогаш доаѓа и награда и натпреварот прекрасно уживање
- Во Битола одбележана 82 годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада
- СВР Битола: пријави за семејно насилство и физички напад
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени





