Фудбалскиот клуб Пелистер денес го назначи Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб. со кој потпиша двегодишен договор.
Борче Христов зад себе има богата тренерска кариера, а последниот ангажман го имаше на клупата на Тиквеш. Претходно ги предводеше Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, а на меѓународен план бил дел од стручните штабови на азербејџанските Карабах и Зира.
Подготовките за новата сезона ќе започнат на 9 јули, кога ќе биде одржана првата прозивка на играчите.










