Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола во новата сезона ќе има нов тренер, а тоа ќе биде поранешниот македонски репрезентативец и битолска ракометна легенда, Бранислав Ангеловски, а со овој потег клубот покажа дека пристапува максимално сериозно и одговорно.
-Еурофарм Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и Еурофарм Пелистер. Затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона му пристапуваме максимално сериозно и одговорно. Во тој правец оди и назаначувањето на новиот тренер. За предводник на Еурофарм Пелистер 2, воедно и тим-менаџер, е именуван Бранко Ангеловски. Ова е своевидно враќање на Ангеловски во клубот, откако претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер. Со своето искуство и неспорен квалитет сметаме дека Ангеловски е најсоодветн избор за оваа позиција. Неговото претставување предвидено е за почетокот на подготовките на крајот од месец јули, се вели во соопштението на клубот од Битола.










