Press "Enter" to skip to content

И денес “Руска црква“ во Битола, која одбележува 100 години од осветувањето, го одбележа упокојувањето на Св. Јован Шангајски кој богослужел во оваа црква (фотогалерија)

-Денес, ова лето Господови, храмот “Св. Троица“ во Битола, осветен на светото тројство, Отецот, Синот и Светиот дух“ кај битолчани попознат како “Руска црква“ слави 100 години од осветувањето, и го слави и одбележува денот на упокојувањето на Св. Јован Шангајски – Санфранциски, кој во почетокот на минатиот век бил професор на Битолската богословија, богослужел во оваа црква, 

-Утрово во негова чест во црквата се одржа богослужба со која чиночалствуваше Владиката Петар, се освети вода, се “крена лепче“ и се подели храна.Како и секоја година и ова лето Господово, по десетти пат почнувајќи од 2016 година, голем број битолчани, верници, оние кои редовно доаѓаат во црквата во месноста која го носи истото име, “Руска црква“ и намерници од цела Битола, имаше денес на богослужбата на која се одбележа денот на упокојувањето на Св. Јован Шангајски – Санфранциски, кој во почетокот на минатиот век богослужел во оваа црква.Се одржа Богослужбата посветена на Светецот, ја водеше Владијата Преспанско-Пелагониски – Петар се одржа Света причесна, се освети вода, се “крена лепче“  за здравје, а се подели и храна за здравје на сите. Владиката одржа и беседа во чест на Светецот, а потоа се одржа и Света Причест.Вредните раце на домаќинката Вера Зајакова и сите кои помагаат во одржување на храмот и организирање, се погрижија овој ден да биде се во ред, а како и секогаш “Руска црква“ и денес сјаеше со беспрекорна чистота, а скромната Вера не сака многу да зборува за себе, а таа е една од оние кои го иницираа овој ден да биде ден на Богослужба во “Руска Црква“.-Денес го славиме упокојувањето на Св. Јован Шангајски кој до 1932 година богослужел во овој храм, кој битолчани го знаат како “Руска црква“. Прво започнавме со вечерна воскересна богослужба, а денес наутро со Божествена литургија. Годинава има голем број на верници, битолчани на Богослужбата. Не удостои со неговото присутво и Владиката Петар, тука беа нашите “црковни луѓе“ кои се постојано со нас, но и голем број верници кои се причестија со даровите, телото и крвта на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Денес го прославивме и Денот на Светиот Св. Јован Шангајски Битолски Санфранциски.Оваа година имаше три куми, Надежда, Спасенка и Јованка, кои се погрижија за достојно одбележување, а највозрасната Надежда Петровиќ, родена Христова, која сите ја знаат како тетка Наде, која за овој ден ни рече:-Се започна кога неколкумина Руси ја посетија оваа нивна и наша црква, Руската црква во Битола и не прашаа зошто не го славиме Св. Јован Шангајски. Ние, неколкумина кои сме во оваа црква одамна, за брзо започнавме да го славиме овој ден, упокојувањето на Св. Јован Шангајски од 2016 година кога бевме три куми. Така од година во година, дојдовме до ваква голема прослава. Инаку годинава сме три куми, а за кумството ќе кажам  дека е голема чест и голема радост, за мене и за моето семејство, а за битолчани само ќе додадам и поеачам дека го имаме единствениот светител кој се движел во Битола, по нашите улици, светител кој ги заштитувал децата, градел сиротопиталишта, ги посетувал нашите болници и нашите болни сограѓани. Никогаш не спиел, помагал на сите… бил единствен, служел во “Св. Богородица“ и затоа треба да го почитуваме и славиме.-За делото на Св. Јован Шангајски, голем светител, на Богослужбата беше речено:-Св. Јован Шангајскикој богослужел овде во Православното Богословско средно училипте во Битола од 1929 до 1934 година кога во 1934 година е избран за Епископ од Руската задгранична црква и пратен во Шангај, а потоа бил во Сан Франциско, каде и се упокојил. За нас битолчани се важни годините кога бил во нашиот град од 1929 до 1934 година, кога направил духовна ренесанса во животот и на учениците кои биле во Богословија  давајќи им знаење и се грижел за нивните секојдневни случувања. Стекнал голема доверба кај учениците на кои им бил духовен отец, а наоѓал и време да ја посети болницата, страдалниците кои лежеле поради тешки болесни кои ги упатувал во делото Божје.Потоа откако заминал од Битола бил испратен во Кина, Шангај, каде ја консолидирал црковната заедница, а оттаму во 195 година во Западна Европа, во Париз и Брисел, за да се упокои во Америка, во Сан Франциско, во Руската црква, каде ја обнови црквата “Св. Богородица“. На 2 јули, откако отслужил богослужба, со иконата в раце на нашиот Св. Наум Чудотворец го завршува овоземниот живот. По тој повод вчера и денес се одржуваат големи прослави, во САД и тука, велат верниците кои се поклонуваат на одеждата на Св. Јован која се наоѓа во храмот и се чува како реликвија, а пред неа секогаш има свежо свеќе и фотографија од светецот.-Денес искажавме голем Благослов за молитните за Св. Јован, а сакам да им порачам на верниците кои се тука присутни во црквата и на сите да се молат и да не ги прекинуваат молитвите. Се надевам дека сите кои сме тука ќе се следи добро здравје и среќа, а секако тоа им го посакувам на сите верници, порачаа верниците.Оваа година се одбележуваат 100 години од осветувањето на црквата “Св. Троица“ во Битола, која тогаш била дрвена барака која ја изградиле Руси кои биле протерани по Октомвриската револуција, тука нашле свој нов дом, а нешто што прво во таа сиромаштија го направиле е црква. Денешната црква го има истиот облик на старата дрвена црква, ни рече Ѓакон Зоран, а за спомен собата на Св. Јован Битолаки -Шангајски – Санфранциски додаде:-В0 еден дел на црквата “Св. Троица“ се наоѓа спомен соба на Св. Јован Шангајски – Санфранциски, каде се наоѓа стариот дрвен олтар наоравен според руската цркова традиција, а тука има и голем број на црковни предмети кои се користеле во Богослужбите. Секако имаме и многу вредна и богата црковна литература, а дел од неа се користи и за днеешните Богослужби. Тука е одората на Св. Јован Шангајски – Санфранциски, која според она што го има извезено на нае е подаророк, а во неа, покрај останатите свештеници богослужел и Св. Јован. Во спомен собата се наоѓаат и првите икони кои ги изработил познатиот сликар Мелников, кој подоцна добил благослов да работи и други цркви во Епархиата. Имаме докази дека Св. Јован одржувал богослужби во Битола, во “Сд, Димитрија“ и “Св, Богородица“ и надвор од Битола во манастирите во Беранци и Буково. За идната година планираме поголемо одбележување како што заслужува 100 годишниот јубилеј, а ќе биде осветена и спомен собата каде ќе се одржуваа дел од богослужбите.Инаку, дел од петата кој отпаднал се наоѓа во манатирот “Св. Јован Бигорски“.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »