КК Пелистер од Битола изврши промени во раководечката структура на клубот за сезоната 2026/27. На позицијата извршен директор на клубот на истек од договорот заминува Филип Ивановски, на кого клубот му е благодарен на преданоста и професионалноста. На негово место е назначен Предраг Созовски, кошаркарски работник, тренер и спортски работник кој цел живот е во кошаркарскиот спорт.
Созовски целосно ќе се посвети на својата нова функција и со своето професионално познавање на материјата и искуството веруваме дека ќе му даде правец на нашиот проект. Созовски се откажа од своите обврски во образованието за да се посвети на КК Пелистер, што е потег за поздравување, соопштија од клубот.
Клубот наскоро ќе ги именува другите структури во клубот, ќе назначи тренер и ќе ја формира екипата за сезоната 2027/28. Целта е да се продолжи континуитетот за борба за виоски позиции во македонската клупска кошарка.










