Изминатата сезона екипата на Пелистер од Битола го промовира новиот претседател, а наредниот ден и новиот тренер, а по некој ден започна голема реконтрукција на тимот кој ќе игра во наредната сезона, со амбиции за експресно враќање во Првата фудбалска лига.
Тренерот Борче Христов по назначувањето престојуваше во Битола и ги направи првите чекори во насока на создавање на нов тим, о дносно за доведување и ослободување од обрвски на фудбалерите. Додека Христов не ги соопшти новите засилувања на тимот, неофицијално се дознаваат имињата на фудбалерите на кои тој не смета во наредната сезона.
Дел од тимот повеќе нема да биде искусниот напаѓач, капитенот на Пелистер, Мирко Ивановски, кој по две сезони нема повеќе да го носи зелено-белиот дрес кој за Пелистер одигра 47 натпревари во ПМФЛ и постигна дванаесет гола, по шест во сезона.
Во новиот проект нема да биде еден од капитените на тимот минатата сезона, заменик капитенот – Александар Ристевски. Ристевски има богата прволигашка кариера зад своето име, настапувајќи за Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Брегалница Штип, Струга Трим Љум, Работнички и Брера во македонскиот шампионат, како и за екипата на Влазнија во албанското првенство.
И вториот заменик капитен на екипата на Пелистер – Стефан Спировски неофицијално (ќе) бара нов клуб во Кипар.
Пелистер во своите редови го имаше и еден од најдобрите голмани во Првата македонска фудбалска лига за минатата сезона, Андреј Јовчевски. 22-годишниот чувар на мрежата на Пелистер беше незаменлив меѓу стативите, се раздели со Пелистер и својот фудбалски развој ќе го продолжи во странство, а на маса има понуди од клубови од Хрватска, Романија и Унгарија. Во последните две сезони Јовчевски на Пелистер, но по испаѓањето на „зелено-белите“ од ПМФЛ, се реши за нова страница во својата кариера.
Од екипата на Пелистер меѓу играчите кои бараат нови клубови е и крилото Петар Петковски. 29-годишното лево крило во ПМФЛ оваа сезона одигра 22 натпревари за Пелистер, постигна пет гола со уште една асистенција зад своето име.
По завршување на сезоната и испаѓањето на клубот од Првата лигра и српските интернационални заминаа од Битола.











