Press "Enter" to skip to content

Пелистер ги започна подготовките, целта експресно враќање во Прва лига (фотогалерија)

Попладнево екипата на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола ги започна подготовките за наредната сезона, во која клубот ќе се натпреварува во Втората лига, а како беше речено денес целта е ексресно враќање во Првата фудбалска лига на Македонија.На фудбалерите, на првиот заеднички состанок  им се обрати претседателот на Пелистер, Димитар Митревски кој им посака на сите успешна сезона и додаде:-Јас лично сум задоволен од тоа што сум на оваа позиција, а се надевам дека и вие кои сте сега во дресот на Пелистер и ќе браните овој грб и бои го имате ова чувство. За многу кратко време се договоривме со новиот тренер Борче Христов, а потоа и со сите вас, се со цел да направиме еден успешен спортски колектив. Моораме сериозно да започнеме да работи, со нов концепт, се со цел враќање во Првата лига. Тука ќе бидам во секое време за вас, и отворен за соработка.Тренерот на Пелистер, Борче Христов ја одржа и првата прозивка и им се обрати на фудбалерите при што рече:-Знаете каква е ситуацијата и што не очекува оваа сезона. Кога ми кажаа што треба да направиме веднаш прифатив бидејќи Пелистер е клуб на ниво на Вардар и Шкендија во секој поглед. Ние сме тука да го подигнеме на повисоко ниво. Мило ми е што гледам дека тука има сериозно, искусни фудбалери, кои решија да бидат со нас, но и голем број на млади фудбалери за кои времето работи за нив, кои треба да растат и да се развиваат заедно со нивна помош и заедничка работа. Мораме сите да бидете максимално вклучени, мора да напредувате, за да стигнеме до целта. Ќе имаме уште три-четири фудбалери, а имам идеја да се разликуваме од сите други клубови. Ако дојдеме со целта вие ќе бидете најзаслужни, а ние сме тука да ви помогнеме.По првиот состанок и прозивка фудбалерите на Пелистер го одржаа и првиот тренинг, а веќе од утре започнуваат и серизни подготовки.Тренерот Христов рече дека подготовките ќе бидат во Битола, а закажани се и четири контролни натпревари. Пелистер ке игра со второлигаш од Грција, со Охрид, ќе има контрола со прволигашки тим, а за крај на подготовките ќе игра со Новаци.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »