Press "Enter" to skip to content

Јубилеен концерт на Борче Наумовски- Министерот во Битола, во Хераклеја (фотогалерија)

-Во преполната Хераклеја во Битола специјални гости на Министерот беа Татјана Стефановска, Даниела Темелковска, Марјан Коцев, Кате и Трајче Соната, а настапија и КУД “Илинден“ и КУД “Гоце Делчев“.

-Кирил Стојчевски со големиот оркестар беше придружба на Министерот, а водителка беше Ирена Спировска.Вечерва во античкиот театар Хераклеја јубилеен концерт, 30 години успешна кариера на естрадата, одржа естрадниот уметник Борче Наумовски- Министерот. На самиот концерт Наумовски рече:-По подготовки повеќе од половина година тука во Хераклеја го славам најголемиот роденден во мојата кариера – 30 години постоење на естрадата. Бидејќи славиме три децении, сè ќе биде во знакот на бројот 30, ќе испееме јас и моите гости 30 песни, имаме 30 тапани на сцена, 30 играорци, па дури и на миксетата нашиот микс-мајстот Миодраг Нечак ќе “отвори“ точно 30 канали за музичарите. Бидејќи се во знакот на бројот 3 вечерва тука не има околу 3.000 луѓе во публика, што е сериозна бројка за наши услови.Водител на концертот беше позната наша водителка Ирена Спироска, која за славеникот рече:

-Борче Наумовски карирерата ја започнува до 1997 година, а досега има издадено четири студиски албуми. Свири на хармоника и гитара, а започнал музички да се школува на 7 години во Државното музичко училиште во Битола. Неговата прва касета е во продукција на тогашната Македонска радио-телевизија. Борче го има и новиот проект, новиот албум the best of me, 30 години на естрадата собрано се во едно. Борче е единствен “министер“ кој никој не може да го разреши, и останува секогаш министер на сцената.-Пред месец дена имам нов видео запис „Моја љубов, моја судбина“ – така ќе го насловам и мојот албум, рече “Министерот“,  а пред битолската публика за прв пат ја испеа песната “Битолските чупиња“.

Гости на концертот на Наумовски беа Татјана Стефановска, Даниела Темелковска, Марјан Коцев, Кате и Трајче Соната и Миле Кузмановски, кои не го криеја задовоството да настапат во Битола и да бидат дел од големиот концерт на Борче Наумовски.Иако роден во Сиднеј, Австралија, Наумовски останува голем патриот и во насока на зачувување на македонската традиција, песни и ора на сцената покани и 30 играорци од КУД “Илинден“ и 30 тапанџии кои ја импресионираа публиката, која остана скоро до полноќ во Херакјеја.Борче Наумовски – Министерот концертот го заврши со песни за Македонија, со битолски серенади и секако со “Ако одам во Битола“, а една серенада испеа во чест на битолската музичка легенда – Боцкино, како рече, негов прв учител. На концертот се појави и големиот оркестар кој го придружуваше Наумовски во живо на чело со професор Кирил Стојчевски, долгогодишен соработник и близок пријател на пејачот кој низ годините се консултира со него за неговото творештво и има напишано повеќе песни за него.

На сцената беше состав од 17 изведувачи од сите музички секции – вклучувајќи гудачи, дувачи, хармоники, гитари и придружни вокали.Во чест на големиот јубилеј на Наумовски “Пиротехника бум-бум“ од Битола “испука“ и голем огномет.

Жанета Ристевска

Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »