Одбојкарскиот Пелистер Волеј од Битола соопшти потврдија дека со уште четири одбојкарки постигнаа договор за продолжување на нивната кариера во клубот. Се работи за Ања Сековска, Ивана Белокозовска, Марија Димитровска и Мила Андоновска.
За секоја од нив од клубот напишаа:
-Ања Сековска и во новата сезона 2026/27 продолжува во дресот на Пелистер Волеј та е одбојкарка која исто така потекнува од школата на Пелистер Волеј, дел од сребрената кадетската генерација за изминатата сезона. Ања е доказ на посветеноста на нашиот клуб за континуирано вложување, раст и развој на домашни играчи од кои со право се очекува многу повеќе во секоја наредна сезона, зошто Пелистер не е само клуб, тоа е чест за секоја ботолчанка.
Ивана Белокозовска и во новата сезона 2026/27 продолжува во дресот на Пелистер Волеј и е долги години е во Пелистер Волеј, а нејзините лојалност, посветеност и желба за нови победи се нераскинлив дел од плановите на нашиот клуб. Ивана со сигурност продолжува во нашиот старо-нов тим и оваа година, а ние и понатаму делиме исти вредности и иста визија во пресрет на новите предизвици.
Средниот блокер Марија Димитровска и во новата сезона 2026/27 продолжува во дресот на Пелистер Волеј. Одбојкарката која во повеќе наврати го носи репрезантативниот дрес, во секој нов циклус дава голем доринис во цврстината на нашата екипа. Марија со нетрпение ја очекува новата сезона и верува во големи успеси.
Мила Андоновска и во новата сезона 2026/27 продолжува во дресот на Пелистер Волеј, а таа е уште една одбојкарка која потекнува од школата на Пелистер Волеј, дел од сребрената кадетската генерација за изминатата сезона. Мила е доказ на посветеноста на нашиот клуб за континуирано вложување, раст и развој на домашни играчи од кои со право се очекува многу повеќе во секоја наредна сезона.










