Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола го официјализира и третото, последно, големо засилување за оваа сезона кое во клубот доаѓа од Белград, Р. Србија, а се работи за Невена Радовојевиќ и доаѓа од екипата на Инџија од Белград.
Невена Радовојевиќ е родена 2003 година, игра на позицијата техничар, висока е 178 см, нејзината клупска кариера започнува во една од најголемите одбојкарски школи Lucky Star од Белград, за подоцна да го продолжи својот развој во добро познатиот клуб со голема традиција Инџија исто така од Белград, а има и универзитетско репрезентативно искуство.
Со Невена Радовојевиќ тимот ја затвораи клучната алка на тимот на позиција техничар, која ќе биди огромно засилување во сегментот во креирањето на играта на Пелистер за престојната натпреварувачка сезона










