Press "Enter" to skip to content

65 години Технички факултет Битола – инженерство, иновации, извонредност!

По повод 65 години од инженерското образование во Битола, Техничкиот факултет Битола објави инспиративно јубилејно видео кое преку приказна за три генерации млади луѓе ја поврзува традицијата со иднината. Визуелната нарација на видеото го следи развојот на инженерството, ја прикажува еволуцијата на инженерството – од историските корени на градот преку приказна за три деца со иста цел во различно историско време. Историјата на градот, Факултетот, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Од Ислахането, инженерските достигнувања во минатото на Битола, формирањето на Вишата техничка школа 1961, основањето на Технички факултет Битола – ТФБ во 1977, студиските програми на Факултетот денес и визијата за иднината.

Во приказната значајно место има и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, како високообразовна институција која со децении образува инженери и стручни кадри, давајќи значаен придонес во развојот на македонската индустрија, енергетика и современото општество.

Пораката е едноставна и моќна: Инженерството е она што го менува светот. Три деца. Три различни времиња. Една иста цел. Од првите инженерски идеи во Битола, преку Вишата техничка школа и основањето на Техничкиот факултет Битола, до современото инженерство и идните генерации.

Погледнете ја приказната за 65 години знаење, иновации и извонредност:

https://youtu.be/MRlmjhAIqHw?si=K3Yx_8ETVRchZBvd

Од Техничкиот факултет со порака –  Доколку сакате да бидете дел од новата генерација инженери, информирајте се за тековните уписни активности и студиските програми на Техничкиот факултет Битола и направете го првиот чекор кон успешна инженерска кариера: https://tfb.uklo.edu.mk/.

Изберете студии што отвораат можности, создаваат знаење и градат успешна кариера. Приклучете се на новата генерација инженери и пријавете се уште во првиот уписен рок.

More from ВестиMore posts in Вести »