Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа ги започна котролните натпревари

Еурофарм Пелистер – Катар 36:24 (18:12)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола со победа ја започнаа серијата контролни натпревари пред почетокот на новата сезона. “Пелистерци“ на подготвителните натпревари ја поедија репрезентацијата на Катар со резултат 36:24:

Еурофарм Пелистер уште во првото полувреме го наметна своето темпо и на одмор замина со предност од 18:12. Во продолжението избраниците на Лино Червар не дозволија изненадување, постепено ја зголемуваа разликата и на крајот заслужено стигнаа до убедлив триумф.

Дуелот донесе и интересно тренерско надмудрување, бидејќи на клупите повторно се најдоа Лино Червар и Веселин Вујовиќ – двајца стратези кои низ годините создадоа големо ривалство уште од периодот кога ги водеа Металург и Вардар.

Следниот тест за Еурофарм Пелистер ќе биде против словенечка Крка, во рамки на подготовките за новата натпреварувачка сезона.

More from ВестиMore posts in Вести »