Press "Enter" to skip to content

Прва вечер на годинашниот 9. “Фестивал на староградска музика“ во Старата битолска чаршија во Битола (фотогалерија)

-Синоќа во Старата чаршија во Битола каде се ширеа мелодичните звуци од изворните македонски песни и други популарни мелодии во изведба на групита “Деспина“ и “Калабалак“ и Наум Петревски на првата вечер од  9. по ред “Фестивалот  на староградска музика“.Старата битолска чаршија од секогаш била местото на еснафите на Битола, градот со голема традиција и богато културно – историско наследство, градот кој со себе носи многу приказни кои се раскажувале, се надградувале и менувале, онака како што градот го менувал својот лик.Токму таму на местото каде што денес е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, делумно сочуван дух се одржа првата вечер од 9. издание на “Фестивалот на Староградска музика и вино“ за што имаше огромен интерес и беше најпосетено досега.Битолчани бараа маса повеќе, а намерниците во Чаршијата кои само поминаа да видат како е, останаа до доцна во ноќта и уживаа во чаша добро вино или пиво во одлична староградска музика, но и македонски популарни шлагери.Дел од нив сега  веќе возрасни битолчани, носталгично се вратија во својата младост кога тука излегувале, вљубувале, дружеле… Тие  се присетуваа дека  еден период поточно во 90-тите години,  тука и се случувал културно – забавниот живот на битолчани и тоа не само во лето, туку и преку целата година. Фестивалот продолжува денес на истото место со КУД “Илинден“ и “Боеми“.

More from ЗабаваMore posts in Забава »