Press "Enter" to skip to content

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

АМСМ соопшти дека утрово од  07:40 часот, сообраќајот за товарни моторни возила е во прекин на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп.

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

More from ВестиMore posts in Вести »