На 06.10.2026 во 22:00 часот во СВР Битола, А.П. (81) од Белгија, со привремен престој во с.Лавци, битолско, пријавила дека нејзината 18- годишна внука од Белгија, заминала од домот во с.Лавци и не се вратила до моментот на пријавата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 06.10.2026 во 20:50 часот во СВР Битола, Г.С. (43) од Битола пријавил дека на ул.„Кочо Рацин” во Битола бил физички нападнат од лице од Битола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.10.2026 во 18:35 часот на ул .„Крушевска република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода К.С. (56) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, управувано од К.С., при што било констатирано дека го управува за време на мерка забрана за управување на моторно возило. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.10.2026 во 10:00 часот во СВР Битола, 34-годишна жена од Битола пријавила дека на настава во средно училиште во Битола, нејзината малолетна ќерка била удрена со стаклен предмет од нејзина соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






