На 02.11.2026 во 17:00 часот во СВР Битола, Г.Т. (39) од Битола пријави дека на работното место во угостителски објект на ул. „Лавчански пат“ во Битола бил физички нападнат од Б.С., гостин во ресторанот, при што му била нанесена тешка телесна повреда. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.11.2026 во 23:20 часот во СВР Битола, К.В.К. (41) од Битола пријавила дека на Градското шеталиште во Битола, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од А.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 02.11.2026 во 21:40 часот во СВР Битола, 36-годишна битолчанка пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






