Знаеме колку е важно да можете да располагате со своите пари кога ви се потребни. Зад секоја плата и пензија стојат секојдневни потреби, семејни обврски и трошоци што не можат да се одложат. Исто така знаеме колку е важно регулаторот да ја задржи стабилноста на банката и банкарскиот сектор. Затоа за полесно да го премостите овој период, MINT нуди аванс до плата или пензија без никакви трошоци, камати или провизии, со флексибилно враќање во рок од три месеци. Во договорениот рок го враќате само износот што сте го позајмиле.
Ја разбираме загриженоста што ја носи ограничениот пристап до сопствените средства. Како дел од оваа заедница, чувствуваме одговорност да помогнеме таму каде што можеме, со конкретна поддршка за нашите сограѓани во Битола и во другите градови.
Со оваа понуда сакаме да ви го олесниме покривањето на тековните трошоци и планирањето на домашниот буџет во следните три месеци.
Нашиот тим ви стои на располагање за лично објаснување на понудата, условите за одобрување и начинот на враќање. За достапните износи и потребната документација, информирајте се во експозитурите на MINT или на телефонскиот број 15 007.
Поради софтверско и регулаторно прилагодување исплатата ќе започне од утре 04.11.2026 година.
Тука сме за вас. Ваш MINT






