Press "Enter" to skip to content

Кривична пријава за тројца прилепчани за крадење накит во “Карпош“

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против И.В.(37), Н.Х.(30) и З.Д.(36), сите од Прилеп.

Тие се сомничат дека на 02.11.2026 околу 11:30 часот извршиле „тешка кражба“ во стан на ул.„Карпош“ во Битола, сопственост на С.В. (49) од Битола, при што одзеле повеќе парчиња сребрен и друг накит.

По преземени мерки и активности, И.В. и Н.Х. се пронајдени и лишени од слобода и се преземаат мерки за пронаоѓање на З.Д..

СВР Битола, во координација со Единицата за насилен криминалитет при БЈБ преземаат мерки за откривање и расчистување на други вакви кривични дела.  

More from ВестиMore posts in Вести »