Press "Enter" to skip to content

Никола Кочовиќ: Пелистер има квалитет за победа, ќе докажеме против Куманово

Утре кошаркарите на Пелистер во Битола играат натпревар протов екипата на Куманово, а на ден пред натпреварот кошаркарот на Пелистер, Никола Кочовиќ, вели дека очекува тежок предизвик против Куманово, но верува дека битолчани имаат квалитет да стигнат до позитивен резултат и да ја прекинат низата неуспеси во Суперлигата.

-Ни доаѓа една од најдобрите екипи во лигата и сите добро знаеме каков квалитет поседува Куманово. Сепак, иако се фаворити, ние имаме свои сметки и сакаме да покажеме реакција по последните загубени натпревари во трилер завршница. Сега баш ни е потребна една таква позитивна реакција, бидејќи овој тим поседува квалитет. Можеби навивачите очекува поинаков старт на шампионатот, но многу натпревари загубивме на една топка и убеден сум дека нешто од тоа ќе ни се врати. Ги повикувам навивачите да ни дадат поддршка, бидејќи таа апсолутно ни е неопходна, вели Кочовиќ:

Тој потенцира дека противникот располага со квалитетен состав и ја има фаворитската улога, но Пелистер нема намера однапред да се помири со таквата улога. По неколкуте несреќни порази во неизвесни завршници, на тимот му е потребна добра реакција.

Тој упати и повик до навивачите да застанат зад екипата, нагласувајќи дека нивната поддршка ќе биде особено важна во обидот Пелистер да се врати на победничкиот пат. Натпреварот се игра на 21 ноември во 19:30 часот. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »