Градежните активности за реконструкција на улицата “Македонска фаланга“, влегуваат во завршна фаза.
За време на денешното асфалтирање на улицата, увид на работата на терен изврши градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој информираше за комплетното уредување на овој простор, кое се реализира преку проектот за реконструкција на ул. “Македонска фаланга“ и вклучува промена на канализационата мрежа на улицата, решавање на проблемот со атмосферските води, асфалтирање, поплочување на тротоарите со гранитни плочки и ново улично осветлување.

Асфалтирање и партерно уредување на улица “Македонска Фаланга“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови





