Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола утрово со редовните тестови и попладнево со првата тренинг сесија во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ја почнаа новата сезона 2022/23.
Попладнево во спортската сала во Битола првиот тренинг го обработија новиот тренер Ларс Валтер и неговиот стручен штаб, кои што работеа со осумнаесет ракометари, а Усама Хосни (настапи на Купот на Африка) ќе се приклучи в понеделник на втората фаза на подготовки во Маврово.
На денешната прозивка новиот тренер на битолчани, Ларс Валтер, им ги претстави плановите на своите ракометари и ги најави своите очекувања во новата сезона и рече:
-Имаме само еден месец до почетокот на официјалните натпревари. Првиот дуел е против Мешков Брест е на 25 август и немаме многу време. Затоа ќе треба можеби да играме малку повеќе ракомет отколку што тоа нормално го правиме и напорно да работиме на физички план. Ќе биде интересно да видиме како ќе изгледаме за четири недели, бидејќи е краток период, но мислам дека ќе успееме. Досега, тест резултатите се одлични, и почнуваме напорно да работиме. Ова е наш прв тренинг со топка, но од тоа што го видов, видео записите и натпреварите, мислам дека имаме добар тим. Се работи се добри личности, два дена сме заедно и мислам дека “дишеме“ добра работна атмосфера. Луѓето сакаат да работат и оптимист сум за тоа што ни следи. Не исклучувам можност за уште некое засилување летово.
Претседателот Стерјев го следеше првиот тренинг и ги ги охрабри ракометарите, им посака среќа и успех во сезоната која официјално почнува во Битола.
Стручен штаб на Еурофарм Пелистер сега го предводи тренерот Ларс Валтер, негов асистент тренер е Божидар Мојсов, тренер на голмани Ице Соколески, кондиционен тренер: Александар Марковски и физиотерапевти се Филип Милевски и Христијан Стојановски.
Од Еурофарм Пелистер 2 Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски нови членови на Еурофарм Пелистер. Тие се приклучени кон тимот на Еурофарм Пелистер по две успешни сезони во Еурофарм Пелистер 2. Во овој период тие ги исполнија сите цели, а стигнаа и до репрезентативниот дрес.
План на подготовки за јули и август кои ги соопшто Ларсен предвидува почеток на подготовки во Битола, а потоа од 25 јули до 2 август подготовки во Маврово, каде ќе се одигра и контролен натпревар Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2.
Од 16 “пелистерци“ ќе бидат на Струшки ракометен турнир 2022, а веќе 25 август го очекува и првиот меѓународен натпревар од СЕХА лига (четвртфинале) против Мешков Брест. На 28 август е закажан Суперкуп на Македонија, Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер.

Еурофарм Пелистер ја започна новата сезона, прозивка и прв тренинг во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ дизелот поевтинува 4,5 денари за литар, бензините поскапуваат за денар
- РЕК “Битола“ активен учесник на годинешната меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ во организација на ЗЕМАК
- Битола живееше со науката на Европската ноќ на истражувачи 2026 (мега фотогалерија)
- Општина Новаци: платена школарината на сите бруцоши за прва година од Општина Новаци
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
More from СпортMore posts in Спорт »
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан









