Синоќа во Битола беше отворен форумот за локални практики во филмската дејност, кој се реализира со поддршка од општина Битола, а во организација на Здружението за поддршка и производство на долгометражни и краткометражни филмови и поддршка на развоjот на филмската деjност “Балкан синема ситис“ Овој форум, претставува можност за воведување на иновативни практики, решенија и идеи, во напредокот на филмската дејност на локално ниво.
На отворањето на форумот, свое обраќање имаа претставникот “Балкан синема ситис“ и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
-Кога станува збор за филмот, Битола нуди големи можности за продукција на филмови, поврзани со различни историски периоди, но и со друга тематика, за која е неопходна автентичност на просторот, изразена низ нашите значајни објекти, нивниот ентериер или едноставно живописниот отворен простор, како и бројните улички проткаени со бројни приказни, рече Коњановски.
Покрај автентичноста на Битола, член на мрежата на креативни градови на УНЕСКО, во областа филм, беа спомената и останатите услови кои ги има градот за филмската индустрија, новото кино “Манаки“, кино салата на Центарот за култура, со својата висококвалитетна опрема.
-Кога зборуваме за одржливост во оваа област, мора пред себе да го имаме значењето на филмската индустрија за развојот на туризмот, културната промоција и финансискиот бенефит за речиси сите други сектори кои функционираат во градот. Сепак, во процесот на создавање нови придобивки, не смееме да ја заборавиме грижата за објектите и животната средина, зошто само на тој начин, секогаш ќе бидеме чекор понапред кон подобрувањето на условите за напредок, беше речено на отворањето.
Присутните имаа можност да ја гледаат и проекцијата на филмот „Стела“, кој е првиот македонски игран филм за деца, а воедно и првото еко производство, а Форумот, продолжува денес.

Отворен форумот за локални практики во филмската уметност (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










