Синоќа во Офицерскиот дом во Битола, како што беше најавено на средбата помеѓу градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот на Бат Јам, Ури Бускила, се одржа настанот „Бат Јам – ќерката на морето“.Овој настан беше своевидна музичка и видео разгледница, преку која беше претставен израелскиот град Бат Јам, во изведба на гостите од Израел.
Пред присутните се обратија градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот на Бат Јам, Ури Бускила, кој ја истакна иницијативата да ги зближи двата града и дава на Битола и битолчани ексклузивна можност да се запознаат и остварат богати врски базирани на неверојатната различност помеѓу двете средини, но и на врските настанати преку човечкиот фактор – битолските Евреи кои себе си се препознаваат како Монастирли.
Тие уште еднаш ја потенцираа заедничката заложба за продлабочување на соработката помеѓу двата градови и целта да ги зајакнат мостовите на заедништво и соработка на повеќе полиња.
Бат Јам е медитерански град, во кој живеат битолски и македонски семејства кои се доселиле во градот во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Меѓу нив е и семејството на д-р Хаим Абраванел.
Бат Јам е град сместен на медитеранскиот брег и прв сосед на древниот Јафо, пројави особен интерес за Битола во текот на изминатите 7 години заради тоа што негови жители се битолски и македонски еврејски семејства коишто таму се преселиле во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Едно од нив било семејството на д-р Хаим Абраванел. Познат жител на Бат Јам е и уметникот Мати Грунберг којшто на Битола му го подари својот сончев часовник.
Во Битола доаѓаше во три наврати 2016-2019 година и г. Ури Бускила, заменик градоначалник на Бат Јам кој се вљуби во шармот и пријателскиот дух на Битола.

Музичка и видео разгледница од изралскиот град Бат Јан пред битолчани (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
- Битолчанка измамила лице од Тетово да и даде лична карта и трансакциска сметка, а потоа му подигнала брз кредит
- Злато за Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола на Државното Универзитетско Првенство во пинг-понг 2025
- Претседателот на ФФМ во посета на Битола: Сѐ мора да биде совршено за Македонија – Италија У21
More from КултураMore posts in Култура »
- Три златни медали за мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола на меѓународниот хорски натпревар во Бјелина
- Народен театар Битола започна со подготовки за 5. премиера оваа година, “Едмонд“ во режија на Оливер Мицковски
- ИФФК „Браќа Манаки“ со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame)- меѓународна програма за поголема присутност на жените во филмската индустрија
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)
- Изложба на сликарот Зоран Таневски во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола (фото)