Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола продолжи со официјални претставувања на новите засилувања за оваа сезона, а на позиција кружен напаѓач, по Жарко Пешевски, го претстави и Денис Васиљев, 29 годишниот руски репрезентативец.
Васиљев за Еурофарм Пелистер потпиша договор на две години, откако го одработи договорот со Мотор Запорожје.Васиљев на официјалното престстваување рече:
-Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола. Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација.
Инаку, во “си-вито“ на Васиљев стои дека е роден во 1993 година во Астрахан, а настапувал за Динамо Астрахан, Чеховски Медведи, Шартр и Мотор Запорожје. Васиљев е стандарден репрезентативец на Русија освојувач на три руски првенства и три национални Купа со Чеховски медведи, како и освојувач на шампионатот на Украина со Мотор.