Викендив во Битола се одржа традиционалниот меѓународен семинар за реално аикидо “Пелистер 2022“, кој иако беше закажан на отворено, поради прогнозите дека можно е невреме на Пелистер ќе се одржи во Будо центарот.На семинарот има учесници од Србија, Грција и Македонија, а дел од нив се редовни гости, а ќе има и нови учесници.-После пандемијата ова е втор семинар, за жал еднодневен, поради новите бројки на ковид-19, а се надеам дека од година ќе се вратиме на старите навики, семинарите да бидат седумдневни или десет дена. За денес хендикеп е бидејќи временските прилики не се добро и наместо на Пелистер сме тука во салата на будо центарот во Битола. Ништо нема да пречи, а ќе имаме околу 100 посетители, колку и очекувавме. Се работи базична техника бидејќи имаме млада популација и се разбира ќе се работи и напредна техника за високите појаси, ни рече Ѓуро Илиќ, организатор на семинарот, кој нагласи дека има сериозни предавачи со големо познавање.Ана Врачаревиќ е дел семинарот, а заедно со нејзини колеги од Србија одржа квалитетни предавања за сите возрасти, за семинарот и посетатата на Битола рече:-Повод за посетата во Битола е едно собирање на вљубеници од овој спорт, дружење и работа, пред стартот на сезоната која сите не очекува, да тргнеме во нови победи и после оваа пандемија сега да се собериме во поголем број и конечно да работиме. Со тоа што денес има и деца и возрасни ќе ги прилагодиме техниките за сите категории и ќе биде интересни како и секој пат кога има вакво друштво. Ќе има мајстори кои ќе го пренесат своето знаење, а тука е Зоран Стојановиќ од Лесковац како поддршка, но и други квалитетни мајстори од Македонија. Секој ќе има простор да го покажи своето знаење.Врачаревиќ која во Битола за прв пат ги донесе и своите ќерки, на Илиќ поради новите титули во овој спорт му подари брендиран црн појас со неговито име и презиме што е уште едно големо признание за битолскиот мајстор.А организаторот на сите предавачи, во знак на сеќавање на овој турнир му подари благодарница и новата значка на Аикидо федерацијата.
Во будо центарот во Битола се одржа меѓународен семинар за реално аикидо “Пелистер 2022“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме