Во рамки на ОФФ програмата на 43 по ред ИФФК „Браќа Манаки “ Битола беа организирани едукативни работилници за средношколци насловени „Наследниците на Манаки“. Во истите беа вклучени околу 20 тина млади средношколци од Битола, кои неколку дена низ разновидни активности : проекции, предавања, дискусии се запознаваа со ликот и делото на браќата Милтон и Јанаки Манаки.
Активностите започнаа со работилница „Филмско патување низ филмовите на Манаки“ на која преку проекција и дискусија се запознаваа со снимените филмови на браќата Манаки. За да продолжат „По патот на Манаки – Декомпонирање на сцена“. Во оваа работилница „наследниците“ чекореа по патот на Манаки. При тоа имаа задача да снимаат кратки едити без тон од 30 секунди врз теми и мотиви од фотографиите и филмскиот опус на браќата Манаки.
Последната работилница насловена „Битола низ нашата приказна “ беше прикажување и дискусија околу снимените филмски едити. На последната вечер пред затворањето на 43 ИФФК „Браќа Манаки “ ќе им бидат доделени сертификати за учество во работилниците. „Наследниците на Манаки“ низ активностите ги водеше Марија Џиџева, режисер.
Истите беа организирани во малата сала на Дом на култура и Офицерски дом и во НУ Завод и Музеј.

„Наследниците на Манаки“ едукативни работилници за средношколци во ОФФ програмата на ИФФК „Браќа Манаки“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










