Press "Enter" to skip to content

“Наследниците на Манаки“ ги добија сертификатите од филмските работилници (фотогалерија)

Во рамки на ОФФ програмата на 43 по ред ИФФК „Браќа Манаки “ во Битола беа организирани  едукативни работилници за средношколци насловени “Наследниците на Манаки“.Во истите се вклучија  околу 20-тина млади средношколци од Битола кои низ повеќе активности на едукативните работилници се запознаваа со ликот и делото на браќата Милтон и Јанаки Манаки. Работилници со проекции, предавања, дискусии траеја 3 денови во текот на ИФФК „Браќа Манаки“.Низ активности„Филмско патување низ филмовите на Манаки“, “По патот на Манаки – Декомпонирање на сцена“ проекции и дискусии. На крај сите учесници на работилниците имаа задача да снимат кратко видео од 30 секунди без тон инспирирани од уметничкиот опус фотографии и филмови на браќата Манаки.Од сите снимени видеа се  произлезе едно заедничко кое сите учесници имаа можност да го проследат низ дискусија. Секој ја објасни својата идеја и инспирација за снимање на своето видео.Сите учесници на последната, завршна работилница која се случи воочи затворањето на ИФФК „Браќа манак“ добија сертификати. Работилниците ги водеше режисерката Марија Џиџева која истакна дека целта на работилниците е запознавање со ликот и делото на браќата Манаки и продолжување на нивното дело како што беше и насловот на истите.Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »