Синоќа во салата на Офицерски дом во Битола беше отворена изложбата на Владимир Илиевски “Исчезнување“ на која беа претставено шест големи насликани платна со женски портрети, која е во рамките на “Битфест“.Изложбата ја отвори директорката на Центарот на култура во Битола, Лили Бошевска, која рече дека иако изложбата се вика “Исчезнување“ ова е појавување на младиот автор со неговите прекрасни дела, кои се надева дека ќе предизвика голем интерес кај битолчани.
-Планот не беше да се појавиш. Ниту да исчезнеш. Но што е планот наспроти случувањето. А и како би исчезнало, ако не се појавило. Па на бело платно, изгорено дрво… и многу вода. Кога се обиде да ја измиеш нечистотијата, почна да исчезнуваш. Но застана. Тогаш, ниту те имаше, ниту те немаше… Како облак кој ниту е вода ниту лед. Како задржан здив, ниту вдишан ниту издишан. Исчезнувајќи – се појави, вели авторот Владимир Илиевски.
Владимир Илиевски е роден во 1989 г. во Скопје. Во 2012 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2022 г. реализирал четиринаесет самостојни изложби во: Скопје, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р. Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, во Скопје и во Струмица.

Несекојдневна ликовната изложба “Исчезнување“ на Владимир Илиевски во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еуерофарм Пелистер 2 од Битола со нов ракометар за Супер лигата
- “Триптих“ трета самостозна изложба во три години во Битола на академскиот сликар Тони Соколов (фотогалерија)
- До 6 јуни пријави за уникатниот “PUTM-Pelister Unique Trail Marathon 2025“
- Визии како младите ја гледаат иднината на еколошки „зелена“ Битола
- Ученици од „Ѓорѓи Сугарев“ во посета на филтерницата на “Водовод“ – Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- “Триптих“ трета самостозна изложба во три години во Битола на академскиот сликар Тони Соколов (фотогалерија)
- 7. Интернационален пијано натпревар “Piano fest 2025“ во Битола, 110 млади музичари од 10 земји
- “Вичо во Пламен“: Книга-сведоштво за заборавените гласови од Егејска Македонија (фото)
- Изложба и публикација како резултат од креативни работилници со ученици и ментори во Битола
- Младата пијанистка Јована Арсоска од Битола со блескав успех во Албанија