Во фоајето на Центарот за култура во Битола и оваа година 15 студенти од тренинг-програмата за графички дизајн по втор пат одговорија на предизвикот да ја визуелизираат едноставната љубов кон трчањето и да ги инспирираат љубителите на предизвици да се вклучат на овогодинешниот “Трчај бе“, кој се одржа во неделата низ улиците на Битола.
Со внимателно смислена креативна кампања, потенцирајќи го духот на градот Битола студентите направија успешен спој помеѓу наученото и идејата за “Трчај бе“. Секој на свој уникатен начин си најде место во оваа убава приказна, велат од програмата.
-Многу сме задоволни од овогодинешниот импакт кој го постигнаа студентите со дизјните за “Трчај бе“. Синергијата помеѓу “Monday Learning“ и “Трчај бе“ е неверојатна и затоа креативните идеи лесно навираат. Драго ни е што студентите работеа на една толку креативна кампања, каде максимално ги употребија сите алатки научени за време на програмата за графички дизајн. После само 3 месеци интензивен тренинг, решенијата за кампањата се навистина на напредно ниво и покажуваат дека и тоа како има голем креативен потенцијал во идните графички дизајнери, вели Николина Цветановска од тренинг-центарот и додава:
-На изложбата која се случи во Центарот за култура – Битола сведоци бевме на позитивните реакции и за одличниот резултатот кој го имаше целата кампања. Мотивирани сме се повеќе на ваков начин да влијаеме врз културата на градот и да дадеме поттик што е можно повеќе луѓе да се приклучат на иницијативата.
“Monday Learning“ е “remote“ тренинг центар за програми од областа на графички дизајн, дигитален маркетинг и фриленсинг. Нивната мисија е да профилираат луѓе кои учат за да создаваат, а оваа генерација млади дизајнери повторно го покажа тоа, преку кампањата за “Трчај бе“.

Инспиративна изложба од студентите на програмата за графички дизајн од “Monday Learning“ за “Трчај бе“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мехмедовиќ без да одигра официјален натпревар си замина од Еурофарм Пелистер
- Од денес дизелот поскап за 3,50 денари – 10150 денари, бензините за 1,50 денари – 93,00 денари
- Нина Ангеловска Станков доаѓа во Битола: бизнис-разговор, “Ништо случајно“ и средба со бизнис-заедницата
- Во Битола сончево и топло, температурата до 35 степени
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Владо Георгиев – „Господски концерт“ под ѕвездите во Битола во Хераклеја (фотогалерија)
- “Надвојводата“ поетски спомен за Даме Груев и времето на идеалите
- Детски хепенинг на 14. издание на “Широк Сокак во бело- Бела ноќ“ кај Офицерски во Битола (фотогалерија)
- Магијата се враќа на големото платно – “Хари Потер и каменот на мудроста“ повторно 3D Кино Битола
- Оркестар DIVA ја заокружи летната концертна сезона со „Flowers Symphony“ во Битола и Охрид










