Кристиан Стојани, член на атлетскиот клуб Олимп од Битола е победник на трката на 5 километри “Kiel Lauf 2022“, улична трка организирана во градот “Kiel“ со три трки 5К, 10К и 21К.
Кристијан Стојани, кој во моментот живее во Германија, но се уште е член на Олимп од Битола, носејќи го дресот на својот драг клуб, денес победи на 5К трката со резултат 17:35.
-Трката беше тактичка, заради угорниците кои ги имаше до 3-тиот километар, потоа гужвата се разби и борбата за позиција беше непредвидлива со самиот финиш на трката. Задоволен сум од резултатот, а и целиот настан беше одлично организирам. Ве следев на социјалните медиуми како одеше ТРЧАЈ БЕ годинава и можам само едно да кажам дека нашата битолска трка е одлично организиран спортски настан кој комотно може да се спореди со вакви градски трки организирани во услови на една Германија, напиша Кристиан Стојани.

Битолчанецот Кристиан Стојани победник на уличната трка на 5К во Кил, Германија (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Новаци: платена школарината на сите бруцоши за прва година од Општина Новаци
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- Осветен големиот крст кај црквата “Св. Ѓоргија“ во Паралово (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан








