Синоќа во концертната сала на Офицерски дом во Битола се одржа музички перформанс “Стефанија & Владимир“, во рамките на “Бит фест“ – офф програмата.Гости на музичкиот перформанс на музичкото дуо, беа Анастасија Центар – танцов перформанс од Битола, “Dadoni Trumpet“ и Анастасија Центар – вокална група.
Синоќа присутните имаа прилика да слушаат авторски песни на “Стефанија & Владимир“ од новиот музички албум, кој е симбол за верба, себеспознавање и вистинска љубов, кои пред битолската публика ги исполнија со многу емоции и оставија впечаток кај присутните.
Музичкиот перформанс беше целосно аудио – визуелно доживување и беше уживање на присутната публиката во концертната сала на Офицерски дом Битола.
Перформансот остави кај присутите силен авторски музички израз и енергија која дополнета со кореографија, игра на светло и звукот на трубата ја направи оваа вечер да биде над очекувањата.
Инаку, музичкото дуо “Стефанија & Владимир“ е македонско – српско дуо кое настана во 2019 година, а веќе следната година го започнаа снимање на нивниот музички албум “Трилогија“, кој се состои од 30 песни и се снима во музичкото студио „Welcome to Stefanija’s Music World”.
Стефанија е главен вокал, композитор, текстописец, аранжер и продуцент, а Владимир се појавува како гитарист, вокал, текстописец и аранжер.
Нивниот печат е авторска музика, длабоки текстови кои пренесуваат животни пораки, танцова експресија и препознатлив моден стил. Тоа е причината за учеството на современи танчери како дел од нивните перформанси.

“Стефанија & Владимир“ и нивните гости со одличен музички перформанс во Офицерски дом (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Bitolanews во посета на музејот каде се наоѓаат гробниците на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина (мега фотогалерија)
- Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Три златни медали за мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола на меѓународниот хорски натпревар во Бјелина
- Народен театар Битола започна со подготовки за 5. премиера оваа година, “Едмонд“ во режија на Оливер Мицковски
- ИФФК „Браќа Манаки“ со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame)- меѓународна програма за поголема присутност на жените во филмската индустрија
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)