Започна отворениот ден во Битола за навивачи по повод освојувањето на Суперкупот на Македонија од страна на РК Еурофарм Пелистер, а се одржа пред клубските простории на улицата “Паризанска“ во Битола.
Младите ракометари на Еурофарм Пелистер се фотографираа со пехарот, а истото тоа го направија и навивачите кои дојдоа да се фотографираат и да купат дресови на клубот.
Дружењето со ракометарите и шампионскиот пехар ќе продолжи и за време и по натпреварот против Голден Арт, попладнево до 17 часот во спорската сала “Боро Чурлевски“.
[ngg src=”galleries” ids=”1180″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]









