“Се случи цистографијата. Болница “Плодност“ од Битола истата ја изврши целосно бесплатно. Ви благодариме професионалци сте пред се луѓе во вистинска смисла на зборот. Резултатот од истата: Оној од молитвите. Јас сум им преблагодарна и сакам баш сите да знаат за хуманите подвизи“, ова се зборовите на среќната мајка, која денес ги објави фотографиите по извршената цистографија во болница “Плодност“ и дозволи истите да бидат објавени.
Пред околу 2 месеци, по апелот на социјалните мрежи од страна на здружението “Рилука“, дека детенце кое е член на нивното здружение, има хидронефроза на лев бубрег, односно стеснување на мочните канали и му е потребна финансиска помош за цистографија, менаџментот на болница “Плодност“ предводен од прим. д-р Таше Трпчевски, одлучи дека интервенцијата за детето ќе биде извршена бесплатно.

Како и ветија, прим. д-р Таше Трпчевски и болница “Плодност“ бесплатно ја извршија цистографијата на детето за кое “Рилука“ побара помош
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
- ЈКП “Нискоградба“ Битола со известување за дефект
- ЈКП “Водовод“ започна изградба на нова водоводна мрежа на улица 170-та во Битола
- 25 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 23 степени










