Деновиве во Корча е реализиран проект „Билатерална соработка на библиотекари од НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола со колеги од библиотеката “Тими Митко“ од Корча, и презентација на библиотечни програми во услови на пандемија искуства на македонски и албански библиотекари во Корча“ каде што беа разменети искуства од областа на библиотечното работење.
Координатор на проектот и предавач м-р Јелена Петровска со презентација насловена како „The impact of the Libraries in the time of Covid” (Активности на библиотеките во времето на Ковид) зборуваше за можности за реализација и работа на библиотеките во сложени услови поврзани со пандемија.
Со другиот дел на презентацијата беа претставени најуспешните и иновативните проекти кои библиотеката ги има реализирано како во државата, така и во меѓународната соработка.
На покана на координаторот на средбата активно учество зедоа библиотекарите од Библиотека од Гостивар, како и библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“ кои работат на проекти и во библиотечната дејност. Се покажа дека е можна дисеминација на проекти и знаења, но уште поважно дека проектите можат да бидат во функција за градење на ефикасниот тим во остварувањето на библиотечните активности.
На Средбата беа присутни и претставници на Универзитетот од Корча кои најавија интерес за соработка со нашиот Универзитет, а целиот настан беше проследен од присутните медиуми и новинари кои имаа повеќе прашања за функционирање на библиотеките во Македонија. Во Корча е потпишан Меморандум за соработка во областа на библиотечната дејност.

Библиотекари од Битола на работна средба со колеги од библиотеката во Корча
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










