Во ресторанот “Вавилон“ во Битола се одржа турнир во забрзан шах “Вавилон опен“ во организација на шаховскиот клуб „Шах-шех“ од Битола. Турнирот имаше меѓународен карактер, а учествуваа 135 шахисти од 4 држави и тоа Македонија, Грција, Бугарија и Косово.
Со 7.5/9 освоени поени завршија четворица, но редослед беше одреден според “Бухолц“ системот прво место освои ИМ Филип Панчевски, второпласиран е ВМ Звонко Станојоски, на трето место е Андреј Вељаноски.
За најдобра шахистка е прогласена Моника Стојковска, а за најдобар шахист од Битола Миодраг Јазаџиевски.
Специјалната награда за првпат ја освои Теодор Јовановски – млад шахист од Скопје.
Настанот ја има поддршката од Општина Битола, а улесниците на турнирот ги поздрави заменик градоначалникот Бојан Бојкоски. Од клубот “Шах-шех“ со сигурност тврдат дека турнирет ќе прерасне во трдиционален.









