Пелистер – Чаир 95:74
Екипата на Пелистер вечерва во Битола го одигра првиот контролен натпревар во Битола протов домашна екипа, по двата турнири кои ги одигра во Бугарија во подготвителниот период. Македонскиот кошаркарски вицешампион со победа ќе ја дочека новата сезона во Првата кошаркарска лига која започнува овој викенд.
Избраниците на Марјан Илиевски одиграа добро против екипата на Чаир и заслужено се радуваа на убедливата победа со убедлив резултат 95:74.
Вечерва на битолскиот паркет и пред битолските навивачи за првпат играше последното засилување Доналдсон, кој го дебитираше во новиот дрес и се претстави пред битолчани.
Во првото коло Пелистер гостува кај Гостивар, натпревар кој што се игра викендов.
“Зелено-белите“ на турнирите во Бугарија оставија одличен впечаток и се изборија за едно финале.
[ngg src=”galleries” ids=”1195″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]









