Вечерва со почеток во 19 часот во свечената сала на Офицерски дом во Битола ќе се одржи промоција на книгата од областа на правото “Непристрасноста како начело на кривичната постапка“ од Никола Главинче.
Адвокатот Никола Главивче од Битола е дел од адвокатската канцеларија “Главинче“ која ја основа неговиот дедо Сотир Главинче, и е активен општественик кој бил и е дел од неколку граѓански брендови, Детско ликовно студио, Ротари клубот “Битола, долгогодишен претседател на Адвокатската заедница од Битола…











