Хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“ од Битола, по повод Денот на хрватскиот парлемент во Битола организира одбележеување со предавање и театарска претстава.
Предавањето е на тема македонско хрватските културно-уметнички врски во 20. век, насловено “Дали се сеќаваш на мене – дали ме паметиш“, а предавачи ќе бидат Бранка Безиќ – Филиповиќ и Јосип Лазиќ.
Театарската претстава, комедијата, “Некој ми го тргна сакото“ ќе биде во изведба на “Пиколо“ театарот од Хвар, Хрватска.











