-Битола отсекогаш била интересна за дипломатите, во периодот пред десетина година имаше голем број на конзуларни претставништва, а пред 10 години во октомври 2012 година се отвори Почесниот конзулат на Унгарија, започна со своето излагање за тоа што се случувало во Битола пред 10 години, од своите записи во новинарскиот бележник, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Во присуство на голем број високи гости, почесните конзули и значајни општествени
личности свечено беше отворено тринаесетто по ред конзуларно претставништво, на Република Унгарија, кое, тогаш, го отворија претседателот на унгарскиот парламент, Ласло Ковер, градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
На свеченоста во Битола, каде беше речено дека отворањето на Конзулатот е дел од стратегијата на надворешната политика на Унгарија и цврстата определба за поддршка на Македонија и продолжуваме традицијата на конзуларно присуство во Битола.
Со одлука на унгарските власти, за почесен конзул на Унгарија во Република Македонија беше именуван битолскиот бизнисмен Сашо Јанакиевски. Унгарскиот беше 13. конзулат во Битола и се наоѓа во таканаречената “зграда на конзулатите“ на најрепрезентативната на Широк Сокак.

Деновиве пред 10 години: отворен Унгарскиот почесен конзулат, тогаш 13. по ред во Битола
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори
- Лекарите Бојаџиев и Вуковиќ – Велјановска од Битола на првиот стручен симпозиум за спортска медицина (фото)
- Во Битола променливо облачно со повреден дожд, температурата до 17 степени










