Press "Enter" to skip to content

Вечер свечено затворање на 31. издание на “Интерфест“ во Битола

Во изминатите десетина дена во Битола се одржува 31. по ред издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ на сцените во НУ Центар за култура, НУ Завод и Музеј, НУ Народен театар и Офицерски дом, со настап уметници од Македонија, Србија, Австрија, Итaлија, Турција и Германија.

Свеченото затворање на “Интерфест“ е денес во Офицерскиот дом, во 20 часот, со настапот на Камерниот оркестар на Битола и Рафаеле Д’Анџело, пијано и Марија Рита Панела, пијано од Италија. Диригент на концертот ќе биде Владимир Димовски, а ќе бидат изведени дела на Моцарт.

Да потсетиме на свеченото отвирање на годинашниот “Интерфест“ настапи Македонската опера и балет со изведба на 2 Балетски претстави “Кармен” и “Валпургиска ноќ”.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »