НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола по повод месецот на книгата и училишните библиотеки, заедно со учениците од текстилната насока од СОУ „Таки Даскало“-Битола реализира неколку работилници за изработка на везени обележувачи за книги.
Везењето е техника на нанесување игла со конец на материјал. Оваа техника ни дава можност да бидеме креативни, да ја разбудиме наша фантазија и да твориме без граници. Везењето е техника која за жал изумира, се помалку младите генерации знаат да користат игла и конец за која и да било намена. Целта на овие работилници е да ги оживееме рачните изработки и да ги насочиме младите генерации кон креативноста и занаетите за рачни изработки кои би им дале насока за во иднина.
Учениците од текстилната насока од СОУ„Таки Даскало“-Битола со своите професорки Ема Ќука, Живка Танушева Ицаноска и Анита Стефановска и библиотекарката м-р Гордана Ѓоргиевска- Неделковска од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола ни покажаа колку може да се направи со везење. Тие изработија прекрасни везени обележувачи за книги со најразлични дезени. Сечење, везење, декорирање, шиење и пеглање се постапки кои учениците ги користеа за изработка на обележувачи на книги.

Библиотеката и текстилната насока од “Таки Даскало“ со работилници за месецот на книгата, изработија везени одбележувачи за книги
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










