По повод месецот на книгата библиотеката во Гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола организира изложба на делата на писателот Зоран Пејковски. Изложбата која ја организира библиотекарот м-р Драган Ристевски денес ја посети и писателот Пејковски кој на библиотеката им подари по еден примерок од својот книжевен опус, вкупно педесетина.
-Ме израдува оваа иницијатива да има изложба на моите дела, кои извесен период ќе бидат изложени во холот на Гимназијата и тоа што ќе има мое катче внатре во библиотеката. Сакам не само моите дела, туку и сите книги кои се тука да бидат читани од гимназијалците, а професорите да ги насочуваат да читаат што повеќе книги, рече Пејковски.
Библиотекарот м-р Драган Ристевски, за изложбата и престојот во Гимназијата на Пејковски рече:
-Со оваа изложба на делата на и со други настани го одбележавме месецот на книгата, за што гимназилците покажаа голем интерес. Катчето во библиотеката кое го посветивме на нашиот сограѓанин, ќе биде почеток на соработка со него.
Зоран Пејковски се дружеше и со гимназијалците од втора година, на нивниот час по македонски јазик. Тој им се претстави, зборуваше за неговиот книжевен опус, а со учениците разговараше за предметот македонски јазик.
Пејковски разви дискусија со учениците за делото кое го изучуваат од Виктор Иго.
Учениците на крај го изненандија со тоа што ученичката Теодора Јовчевска прочита и негови песни од книгата “Убавите жени“.

Писателот Зоран Пејковски подари свои книги на библиотеката во Горната Гимназија каде е поставена изложба на делата (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










