Press "Enter" to skip to content

Наградата “Книжевно перо“ во Риека ја доби поетесата Мирјана Стојановска од Битола

Во рамките на манифестацијата ,,Денови на македонската култура во Хрватска“ која беше отворена на 15 октомври во Риека и ќе трае еден месец, беше промовирана и наградена книгата поезија „Крст, триаголник и круг“ од Мирјана Стојановска од Битола.  Книгата е издадена од страна на Хрватското книжевно друштво  во Риека. Промотор на книгата беше поетот и почесен претседател на ХКД Валерио Орлиќ.

Наградата „Книжевно перо“ за најдобра збирка песни објавена преку Хрватскотот книжевно друштво за 2022 година, на поетесата Мирјана Стојановска ѝ ја врачи претседателот на Хрватското книжевно друштво Ерние Г. Дешковиќ. Преводот на книгата го направи поетесата Дарија Жилиќ од Загреб.

Меѓу гостите на манифестацијата беше заменик амбасадорот на РСМ во Загреб Маја Апостолова, градоначалникот на Риека Марко Филиповиќ како и претседателите на Заедниците на Македонците од други градови во Истра и други гости љубители на поезијата.Инаку книгата „Крст, триеголник и круг “ е објавена во 2013 година преку издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје. Содржи 50 песни поделени во пет циклуси. Насловот на книгата се однесува на основните знаци на првата словенска азбука- глаголицата каде основни знаци се токму крстот, триаголникот и кругот. Во првиот циклус песни со наслов „Кодот на буквие“ поетесата прави еден таканареченен хронлошки запис на развојот на писмото низ историјата кај разни култури до појавата на глаголицата.  Другите циклуси од книгата се поврзуваат со човечките судбини и националните белези преку допирни точки на азбуката и буквите кои ја носат метафориката на современиот и субјективниот аспект на животот.

Поетесата Мирјана Стојановска во Хрватска гостува по вторпат. Имено пред 4 години, таа гостуваше на поетска манифестација на островот Корчула каде се претстави со избор од својата поезија и учествуваше на научниот симпозиум со тема: „Барокните карактеристики како допирни точки во творештвото на  македонскиот поет Григор Прличев и хрватскиот поет Петар Канавелиќ“.

Поетесата Мирјана Стојановска е поканета да гостува и во други градови во Хрватска.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »