-Денес кога се наоѓаме на неколку денови пред 4 ноември, Денот на ослободувањето на Битола и доделувањето на наградите за животно дело и за годишни остварувања да се потсетиме кој беа добитниците на наградите пред 10 години, во 2012 година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Управниот одбор за доделување на четврто ноемвриските награди, наградата за животно дело во 2012 година му ја додели на сега за жал починат, актер, режисер, публицист, политичар и дипломат, Љубиша Георгиевски, тогаш, актуелен амбасадор на Република Македонија во Србија, вели Миновски и додава:
–Љубиша Георгиевски бил авангарда уште од неговата прва престава како студент во Белград кога ја започна својата кариера, а која беше забранета бидејќи била премногу авангардна. Георгиевски додека работеше има снимено 4 кусометражни и 4 долгометражни филмови, 5 ТВ драми, 160 театарски престави 8 театарски пиеси, бројни ТВ емисии, публикувани 250 новински колумни, напишани 50 филмски критики, 10 книги, бројни есеи…
Наградите за едногодишни постигнувања за златната олимпијка Оливера Наковска -Бикова и Народниот театар. Оливера ја доби наградата за златниот медал и новито светски рекорд, а НТБ за наградата на Шекспир фестивалот во Лондон, Велика Британија.
Покрај свечената седница на Советот имаше полагање на букети свежи цвеќиња на Споменикот на ослободителите пред Центарот за култура, свечен прием на борците од НОВ и Револуцијата, делегациите на збратимените градови како и одржување на бројни други свечености, но за жал тогашната опозиција ја бојкотираше свечената седница.

Деновиве пред 10 години: 4. ноемвриската наградата за животно дело за Љубиша Георгиевски (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
- ЈКП “Нискоградба“ Битола со известување за дефект
- ЈКП “Водовод“ започна изградба на нова водоводна мрежа на улица 170-та во Битола
- 25 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 23 степени










