На голема радост на најмладите, во прекрасна атмосфера, како дел од Програмата по повод „4 Ноември“ – Денот на ослободувањето на Битола, синоќа на Нова сцена во Центарот за култура, Бабец театар од Битола, ја одигра театарската претстава „Јованче и Марика“.
Со оваа претстава на децата им беше понудена една нова визуелизација на нивната добро позната бајка за прв пат запишана од браќата Грим, познатата приказна за двете деца кои таткото присилен од страна на неговата жена, односно маќеата, ги испраќа и ги остава во мрачната шума поради финансиските проблеми и снаодливоста на двете деца но и нивната желба за промена на тешкото бреме кое без никаква вина мора да го носат на својот грб.
-За нас беше огромна инспирација за да направиме еден нов и современ прочит на оваа пред се хорор бајка во која внесовме многу свежина, комични наместо страшни ситуации и решенија, драматуршки заплети, многу танци и класична музика и едно ново визуелно решение на сценографијата и костимите поткрепени со многу магични визуелни ефекти кои треба да придонесат за едно незаборавно доживување на децата. Целта на оваа претстава е на децата да им покажеме дека со многу љубов и грижа еден кон друг стануваме многу посилни и дека секоја авантура не учи нешто ново, но дека најважно од се е да научиме да го разликуваме злото од доброто, вели режисерот на претставата, Васко Мавровски од Бабец театар.
Улогите ги играа Никола Пројчевски, Јулијана Мирчевска, Петар Спировски и Катерина Аневска.

Детската претстава “Јованче и Марика“ изведена во рамките на програмата за 4. Ноември
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










