Синоќа во белата сала на Офицерскиот дом во Битола, во присуство на голем број колеги од театарот, пријатели, познати уметници и видни битолчани, како и гости од Скопје, беше отворена изложбата на костими од најуспешниот и најнаградуваниот македонски костимограф, Благој Мицевски.Изложбата со краток говор ја отвори директорката на Културно информативниот центар, Лили Бошевска, а присутните ги поздрави и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Самиот автор пак го објасни концептот на изложбата која се состои од два дела, едниот изложени костими од Битолскиот театар од претстави по дела на Шекспир и другиот дел, триесет фотографии во голем формат кои ја претставуваат неговата работа кај нас и во светот а се однесува на последната декада од неговата триесетгодишна кариера.
Фотографиите се од претстави од Опера Драма Балет, како што е насловена и самата изложба, а во соработка со режисерите Диего Де Бреа, Џон Блондел и кореографката Рисима Рисимкин.
Токму со нејзината претстава “Котел“, продолжи дружењето во Центарот за култура каде во живо видовме дел од соработката на Мицевски со Скопје Танцовиот Театар.
Оваа силна несекојдневна танцова и визуелна експресија, ги остави битолчани без здив, а тие ја наградија со долг аплауз и посакаа што поскоро да ги видат повторно во Битола.
Дружењето продолжи со коктел и ди џеј во култниот “Порта Џез бар“ каде се делеа впечатоците од оваа уметничка вечер и од прекрасниот каталог кој на пеесет колор страници го документира овој настан со краток текст и многу фотографии.
Изложбата останува отворена за посетители и во наредните денови, не пропуштајте ја.

Во Битола отворена изложбата на костими од најуспешниот и најнаградуваниот македонски костимограф, Благој Мицевски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Актуелниoт градоначалник на Битола, Тони Коњановски ќе оди на втор мандат на локалните избори
- Општина Битола го објави списокот на лица кои добија субвенции за клими, поднесени 575 апликации, добиле 134
- СВР Битола: физички напад врз 55 жена со остар предмет, тепачка во Велушина
- Општина Битола: ќе се забрани паркирање од “Дрвеното мовче“ до “Ленски мост“
- ЈП “Стрежево“ Битола со нов договор со Владата за користење на рибите и другите водни организми за риболовно подрачје “Стрежево”
More from КултураMore posts in Култура »
- Денес нова премиера во НТБ Битола “Чорбаџи Теодос“ во режија на Дамјан Димовски (фото)
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за шпанската монодрама „Лирско вилинско коњче“ со актерката Зелија Ланаспа (фотогалерија)
- Научен собир на МНД Битола посветен на 1140 години од смртта на Св. Методиј
- Промовирана монографија “1/4 век Интернационален фестивал на монодрама Битола“ (фотогалерија)
- Камерен Оркестар од Битола приреди симфонија за паметење – и за срцето, и за телото во Скопје (фото)Камерен Оркестар од Битола приреди симфонија за паметење – и за срцето, и за телото во Скопје (фото)