Вечерва, во предвечерието на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември, по 64. пат на Широк Сокак во Битола во организација на Сојузот на спортови на Битола и Општина Битола се одржа традиционалната ноќна атлетска трка, која годинава битолчани ја видоа и на учествуваа како трка со целосно нов концепт, на ниво на високопрофесионални натпревари од ваков вид, како дел од програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола.На 64 та по ред ноќна атлетска трка, зедоа учество околу 800 учесници и тоа ученици од 4 до 9 одделение од основните училишта и ученици од сите 4 години од средните училишта, како и студенти, а сите трки се одржаа во машка и женска конкуренција.
На најстариот спортски настан во градот, зедоа учество и РЕК “Битола“ и Кромберг и Шуберт со машка и женска екипа, како и други граѓани.
Учесниците на трката ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој изрази верување дека ваквите натпревари ќе бидат поттик за што повеќе спортски активности на младите битолчани, а почесниот претседател на Сојузот на спортови, Димче Миновски, говореше за историјатот на трката и големите спортски имиња од Битола, кои своите почетоци ги имале токму на ваков начин.
Претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски рече дека ова е 64. трка по ред, а ако оваа најстара спортска манифестација која трае најдолго во Битола, веќе 64 година, ја помножиме по колку битолчани учествувале секоја година ќе дојдеме до импозантни бројки, а се надева дека организарањето на ова трка ќе помогне за развој на спортот кај младите, а колку е значаен спортот во ова брзо време сите знаеме.
На традиционалната ноќна атлетска трка, која се одржува во организација на Сојузот на спортови, во соработка со Сојузот на училишен спорт, а со поддршка од општина Битола, за најдобрите беа доделени златен, сребрен и бронзен медал, за освоено прво, второ и трето место.
Екипни победници на трката се: од основните училишта ОУ “Коле Канински“, а од средните Гимназијата “Јосип Броз Тито“.
Наградите ги доделија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, претставници на Советот на општината, Сојузот на спортови и познати спортисти од градот.

Одржана 64. по ред ноќна атлетска трка по Широк Сокак во Битола со околу 800 учесници (мегафотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
- Битолчанка измамила лице од Тетово да и даде лична карта и трансакциска сметка, а потоа му подигнала брз кредит
- Злато за Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола на Државното Универзитетско Првенство во пинг-понг 2025
More from СпортMore posts in Спорт »
- Злато за Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола на Државното Универзитетско Првенство во пинг-понг 2025
- Претседателот на ФФМ во посета на Битола: Сѐ мора да биде совршено за Македонија – Италија У21
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер