Водени од идејата за што посвечено и величествено одбележување по повод 4. Ноември, денот на нашиот град Битола, здружението на пијанисти и музички педагози “Пијано“ од Битола, чии основатели се Марија Шамоска-Буџаковски и Јана Четелева-Белевска во соработка со Државното музичко училиште и КИЦ “Битола“, организираше музички маратон насловен “Со љубов за Битола“.
–Со моќта на музиката, со маратонот – кој е симбол за упорност и издржливост, музичкото училиште кое е еден од брендовите на нашиот град и кое што оваа година одбележува 75 години од своето постоење, и со здружението “Пијано“ кое постои за Битола и јасно го глорифицира епитетот “ Битола, град на клавири “, ние сметаме дека во просториите на КИЦ Битола се одржа настан кој долго ќе се памети, а битолчани ќе имаа можност за едно целодневно културно уживање, рекоа организаторите.
Овој настан започна со претставување на изведби на млади музички таленти од музичкото училиште, на сите инструменти кои што се изучуваат во училиштето: пијано, виолина, гитара, соло пеење, труба, кларинет, флејта, ударни инструменти, саксофон и.т.н.
Учениците изведуваа дела од различни класични композитори во времетраење од 6 часа и со тоа прикажаа зошто ова училиште има толку долга традиција и потврден квалитет.

Музички маратон “Со љубов за Битола“ по повод 4. Ноември и 75 години Музичко училиште во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










