Организациониот тим од “Pelister Unique Trail Marathon-PUTM“ од Битола викендов претстојуваше во Србија, а за тоа имаше две причини.
Првата причина беше учеството на планинската трка “Rocky Trail Jelašnica and Sićevo Gorge“ на тројца битолчани, но и маркетиншко претставување на планинската трка “Pelister Unique Trail Marathon-PUTM“.
Во областа Јелашница и Сиќево Клисура настапија тркачите од “PELXTR-Pelister Xtreme Trail Running“, Дејан Лазаревски, Саша Грбиќ и Ненад Лазиќ кои учествуваа на трката од 24 километри.
Сите како и се очекуваше ја завршија трката, а трчаа заедно со околу 150 натпреварувачи од повеќе земји.
Покрај активното учество на технички напорната патека, дел од тимот составен од Ребека Алексовска, Зоран Алексовски, Вијолета Ристевска-Лазиќ и најмладиот член Вања Грбиќ неуморно и полно со ентузијазам ја претставија нашата Битолска планинска трка, која се оддржува во јуни идната година.
-Се видовме со стари пријатели и запознавме нови. На сите присутни тркачи им беше понудена промотивна регистрација за трки, промоција на планинскиот туризам на Баба Планина и содржини што можат да ги очекуваат во Битола. Би сакале да им се заблагодариме на Националниот парк Пелистер и Одделението за спорт при општина Битола што ни обезбедија промотивни материјали што сите учесници можеа да ги разгледат и понесат со себе, велат од “Pelister Unique Trail Marathon-PUTM“, кои ја искористија можноста да се заблагодарат на организаторите и додаваат:
-Сакаме да им се заблагодариме на организаторите на трката, особено на директорот Миљан Ристиќ и на претседателката на ПК Железничар Ниш, Јелена Цветковиќ, затоа што направија многу атрактивна трка, беа љубезни и срдечни домаќини, бидејќи се чувствувавме како дома. Затоа се надеваме дека тие ќе ни бидат гости во месец јуни и би сакале да ја продлабочиме нашата соработка.

Тројца битолчани трчаа на планинската трка кај Ниш, а претставена беше и “Pelister Unique Trail Marathon-PUTM“ од Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетничко насилство, опожарена дрвена бандера поради силен ветер
- Оглас за млади инженери | REU MKD
- “21 ден во Кина“ – 21 лекција за иднината на бизнисот: брзината е конкурентска предност (5)
- Ноќен клуб “Расчекор“ – 35 години храброст да се биде поинаков, 35 години приказна што ја живее Битола
- Вечерва последниот домашен натпревар во Евроската лига во групната фаза, Червар: ни следи голема битка
More from СпортMore posts in Спорт »
- Вечерва последниот домашен натпревар во Евроската лига во групната фаза, Червар: ни следи голема битка
- Кугланата со нова опрема обезбедена од Општина Битола
- Одбојкарките на Пелистер Волеј со гостинска победа
- Со сигурна игра Пелистер го победи Куманово во Битола (фотогалерија)
- “Двојката“ со гол на крајот на натпреварот дојде до реми









